Синот на Вучиќ, Вулин, Боцан-Харченко, Никола Селаковиќ – Кој се присуствуваше на погребот на Младиќ?

t

Воениот злосторник Ратко Младиќ беше погребан денес, а на неговиот погреб присуствуваа неколку поранешни и сегашни министри во српската Влада, како и лидери на некои опозициски партии.

Меѓу нив е и членот на Сенатот на Република Српска и поранешен министер во српската Влада, Александар Вулин, кој беше фотографиран меѓу граѓаните кои чекаа во ред за да влезат во црквата, каде што е изложен ковчегот со телото на Младиќ.

Меѓу граѓаните е и поранешната министерка за здравство Даница Грујичиќ.

На погребот на Ратко Младиќ пристигна и министерот за правда во Владата на Република Србија Ненад Вујиќ, кој претходно најави дека Младиќ ќе биде испратен со највисоки државни и воени почести, во согласност со државните протоколи.

Присутни се и министерот за одбрана Братислав Гашиќ, како и министерот без ресор Ненад Поповиќ, министерот за култура Никола Селаковиќ и министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ.

Присутни беа и синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ и рускиот амбасадор Александар Боцан-Карченко.

На погребот на Младиќ дојде и лидерот на Нова ДСС, Милош Јовановиќ, пишува Нова.рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од вечерва нагло влошување на времето –…

Студен бран со обилни врнежи од дожд…

Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и…

Алта банка е солвентна, банката е ликвидна…

Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ поради…

Пензионираниот главен даночен инспектор Душко Вуксановиќ денеска…

Две друштва за брзи кредити добија забрана…

Две финансиски друштва добија парични глоби и…

Си Џинпинг ја проширува чистката во врвот…

Кинескиот претседател Си Џинпинг продолжува со чистката…