Сите на слобода?: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет во овој предмет, вели Џолев

t

Се додека Апелациониот суд – Скопје, не донесе пресуда по жалбата поднесена од обвинетиот Алмир Дрпљанин, Кривичниот суд – Скопје не може да постапува по барањето за повторување на постапката за случајот „Алфа“, поднесено од одбраната на Агим Ислами, осуден на доживотна казна затвор за нападот и убиството на припадник на единицата Алфа во ноември 2008-та година на паркингот пред Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Претседателот на Основен Кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, на новинарско прашање дали е разгледано новото вештачење, новите докази поднесени од одбраната на осудениот Ислами, изјави дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа” се наоѓа во Апелациониот суд каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.

– Истиот момент кога ќе биде изготвена пресудата во Апелациониот суд, ние ќе постапиме по барањето за повторување на постапката. Ќе го процесуираме, каква ќе биде одлуката не знам. Меѓутоа ќе се постапи по барањето за повторување, ќе се разгледа и доколку има основ ќе донесеме одлука соодветна, истакна Џолев одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста организирана за приемот на осмата генерација слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Со Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгласаме…

Претседателот на Беса и еден од лидерите…

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан…

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија…