Објавено на:

Си Џинпинг си го кажа своето: Тајван е наш, ќе ги забрзаме напорите за изградба на армија од светска класа

t

Претседателот Си Џинпинг денеска го отвори во неделата јубилејниот 20-ти конгрес на владејачката Комунистичка партија на Кина, на кој, како што се очекува, ќе го добие третиот мандат и ќе го зацврсти своето водство како најмоќниот кинески лидер од времето на Мао Цетунг. Конгресот на кој учествуваат околу 2.300 делегати од целата земја започна во Големата сала на народите на западнаа страна на Плоштадот Тијанамен под строги безбедносни и епидемиолошки мерки во кинеската престолнина Пекинг.

Во двочасовниот говор, Џинпинг ги повика членовите на партијата да се подготват за тешки времиња, ја пофали стратегијата за нулта ковид и рече дека Кина и Тајван мора повторно да се обединат. Си нагласи дека „партијата никогаш нема да се откаже од употребата на сила и ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги потисне сепаратистичките движења“, што му донесе најголем аплауз од собраните делегати.

-Кина ќе ги забрза напорите за изградба на армија од светска класа и ќе ги засили своите способности за стратешко одвраќање, кажа Џинпинг.

Кинескиот претседател ја бранеше својата контроверзна нулта ковид стратегија.

-Нулта ковид стратегија беше сенародна војна која имаше за цел да го спречи ширењето на вирусот, кажа 69-годишниот Џинпинг.

Во својот говор кој траеше помалку од два часа, Џинпинг дури 73 пати го спомна зборот безбедност, а реформи само 16 пати, што е голем пресврт во однос на говорот пред пет години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Автомобилот на министерот за национална безбедност на…

САД и испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…

Во супермаркети во Германија пронајдени над 100…

Вработените во повеќе германски супермаркети во Берлин…

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан…

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија…

Османи: Говорот на Вучиќ во Советот за…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја нарече…