Скопјанец украл велосипед од 1.600 евра, па се пишманил и го вратил
18-годишен скопјанец е осомничен дека украл велосипед вреден околу 1.600 евра од повозрасен сограѓанин, по што го продал украдениот точак на 20-годишно момче, соопшти МВР.
„На 20.03.2023 во Скопје, полицајци од Полициската станица Кисела Вода го уапсиле Л.Д.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.03.2023 одзел велосипед од Д.К.(58) од Скопје, при што се стекнал со противправна имотна корист од 105.000 денари. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и изјавил дека велосипедот го продал на А.А.Ѓ.(20) од Скопје, а посредувал М.Л.(18) од Скопје, кои знаеле дека е украден“, велат од МВР.
За настанот бил известен обвинител и по негово целосно документирање, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден осомничен за обид за тешка кражба…
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично…
Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното…
(Видео) Жена краде кутија со донации од…
На социјалните мрежи е објавено видео од…
Koсовски државјанин осомничен за тешки кражби во…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Украдени 12 тони KitKat чоколадо!
Пратка од околу 12 тони чоколадни плочки…