Објавено на:

Скопјанка нападната од мајка си, друга од татко си – Низа случаи на семејно насилство во Скопје

t

Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени три случаи на семејно насилство во Скопје.

– Вчера во 02.40 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет.

Вчера во 05.40 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 03.04.2024 околу 23.00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот татко Д.Ј.(64) од Куманово, кој оштетил и дел од покуќнината.

На 03.04.2024 во СВР Скопје, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека на 01.04.2024 околу 21.00 часот во домот на нејзините родители на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот брат К.М.(44) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на сите одделни случаи, потенцираат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: НАТО има планови за одговор на…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…

ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ЌЕ ДОНЕСАТ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Андоновски очекува…

Привлекување приватни инвестиции во дата-центри и изградба…

Петровска: Две години зборувавме внатре во СДСМ,…

Актуелната пратеничка на СДСМ и поранешна министерка…

Вајц: И во Австрија има големи случаи…

Сите земји-членки на ЕУ се борат со…

Утре без струја и вода во повеќе…

Поради планирани технички зафати, утре, 25 септември,…