Слабите комунални услуги се причината зошто Вардар е полн со отпад, велат од Министерството за животна средина
По ужасните слики и видеа во текот на вчерашниот на кои можеше да се забележат илјадници пластични шишиња и останат отпад како пловат низ течението на реката Вардар, особено во центарот на Скопје и во Тетово, од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопштија дека тоа се должи на, како што велат, незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини.
Оттаму велат дека токму во тие рурални средини се присутни голем број диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни општините и нивните инспекциски служби.
Министерството и Државниот инспекторат за животна средина, како што велат од МЖСПП, постојано им укажуваат на општините поредовно да ги следат состојбите со управувањето со отпад и да ги засилат инспекциите, а воедно информираат дека во моментот се подготвуваат измени на Законот за инспекциски надзор.
„Во моментов, Државниот инспекторат е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна контрола во оваа област.“, велат од министерството.
Оттаму апелираа до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка и поголема одговорност со цел да се зачува чистотата на реките и водните текови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Шкендија го совлада Вардар во Скопје
Дерби дуелот од 2.коло во Првата македонска…
Општина Косово Поле прогласи вонредна состојба поради…
Општина Косово Поле прогласи вонредна состојба поради…
ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра…
Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000…