Славески: Вреди да се погледне од каде е изворот на кешот со кој се купуваат станови

t

Половина од становите во земјава се купуваат во готово, алармира гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во интервју за магазинот „Трилинг“.

-Пред пандемијата 2019 година соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово. Сега, по моите информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50. Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди.

Понатаму, општо е познато дека еден добар дел од млада популација, особено оние во лукративни дејности од ИТ технологиите кои работат за странски нарачатели ги добиваат приливите на сметки кои се во странство па од таму подигаат готовина која ја внесуваат во Македонија. За други извори на средства останува други надлежни органи тоа да го утврдат – вели Славески.

Она што ние како Народна банка преку монетарно-кредитната политика може да влијаеме, додава тој, е во однос на кредитирање.

-Кога сме кај кредитирањето, тоа не е само кредитирањето на купувачите туку секако треба да се погледне кредитирањето и на изведувачите во станбениот бизнис. Сето останато, дел е сигурно и во сивата економија, затоа што има индикации и дека набавката и на градежни материјали, исплата на надоместоци односно плати на вработените понекогаш се врши во готовина, но останува други институции ова да го утврдат, тука е финансиската полиција, Министерството за финансии коишто заедно со Народна банка се обврзани да вложат максимум ресурси во однос на спречувањето на перење пари – вели Славески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…