Словенскиот селектор: Македонците ќе бидат многу опасни
Словенија ќе биде првиот противник на Македонија на Европското ракометно првенство во Дебрецин на 13 јануари.
Селекторот на Словенците, Љубомир Врањеш во интервју за „Сиол“ ја искоментира македонската репрезентација. Тој е претпазлив во изјавите, бидејќи знае дека нашите ракометари можат да ги изненадат и најдобрите светски селекции.
„Македонците се силен тим, брзо знаат да ги понесат емоциите, тие се многу горди и со цело срце играат за националниот тим. Тоа секако е најголемата опасност за нас. Опасни се во првите натпревари на големите турнири, дури победувале и репрезентации како Франција и Данска. Тие се добар тим, но исто и ние. Имаат силни кружни напаѓачи. Не знам многу како ќе игра Кирил Лазаров, кој е фантастичен ракометар, но тој самиот не може да го добие натпреварот. Почнаа да играат брз ракомет и ако нивните голмани бидат расположени тогаш ќе бидат многу опасни“, анализира Врањеш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо…
Македонскиот ракомет е во жалост по веста…
Данска и Германија ќе се борат за…
Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…
Македонец освои прво место на престижен светски…
Група студенти од Универзитетот во Марибор, Словенија,…
Напикале 130 деца во ЕДЕН АВТОБУС? Детали…
Си платиле за да напикаат 130-140 деца…
Лазаров: Холандија е репрезентација која ја краси…
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров уште еднаш направи ретроспектива…