Сообраќајка на регионалниот пат Штип-Велес меѓу три возила, едното влечело „пинцгауер“ на ДЗС

t

Се судрија три возила, од кои едно влечело „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување, на регионалниот пат Штип-Велес.

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…

Израелската армија ја нападна и уништи болницата…

Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…

Осум одделни случаи со елементи на семејно…

Есенско заладување доаѓа во Македонија и на…

Полека но сигурно на летото и на…

Дрска измама: Лажел дека му требаат пари…

На 05.09.2026 во 18:00 часот во СВР…

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во…

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата…