Со „пасат“ прегазил пешак во Велес, со тешки повреди пренесен во болница
Вчера во 11:10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес 28-годишник со возило „пасат“ удрил во 63-годишниот Ѓ.П. кој се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Велес.
„На 04.08.2024 во СВР Велес било пријавено дека околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче” во Велес, патничко возило „фоксваген пасат” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(28) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес“ велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забрана за пиење на водата од пет…
Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…
МЗ: Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за…
Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за…
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…
Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…
Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…
Дмитро Хориха и официјално доби право да…
Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…
Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…