Со хебла и пиштол се заканувал во канцеларија за брзи кредити – Обвинителството поведе истрага

t

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 72-годишник на 15 јануари 2025 година влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска“ во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои.

Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото. Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено. При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…