Спасовски: Вративме 40 милиони евра долг, зголемени плати, полицајците добија опрема
Министерот за внатрешни работи на Фејсбук обајви што сработил во периодот од 2017 до 2022 година.
– Преземањето на МВР значеше преземање на 40 милиони евра долг, ниту еден капитален, инфраструктурен проект, ниту еден реновиран објект, полициски службеници без опрема, без униформи, со енормни судски спорови за неисплаќање на бонус плати и низа други проблеми со кои полицискиот службеник, стожерот на институцијата, беше заборавен на маргините.
2017-2022 МВР за ГРАЃАНИТЕ:
– Вратен долг од 40 милиони евра
-78 реконструирани објекти, енергетско ефикасни, со 30% заштеда на електрична енергија
-Три покачувања на плати за по 5%, исплатени бонус плати за 4 години
– Над 10 милиони евра инвестирани само за униформи, плус инвестиции и во опрема
– ИКТ Центар во Прилеп со најсовремена информатичка инфраструктура
– Најсовремен Форензички центар на Балканот
Тоа се проекти од кои придобивки имаат граѓаните на Република Македонија – Продолжуваме во 2023, напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…