Спасовски: Полицијата ќе користи боди-камери кои се бариера против корупцијата
Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на Министерството за внатрешни работи, објави министерот Оливер Спасовски.
„Т.н. ‘боди-камери’ претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата – ги исклучивме човечките субјективности на кои сме научени со години наназад“, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.
Тој потенцира дека системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.
„Продолжуваме со процесите на дигитализација и сузбивање на корупција, заедно со нашите партнери САД, коишто ја овозможија оваа вредна донација од еден милион и шеесет и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на САД“, додава Спасовски во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…