Спасовски се пофали: Со 17 милиони евра се реконструирани 80 објекти на МВР
Со 17 милиони евра од руинирани 80 објекти во модерни и енергетско ефикасни објекти на МВР – ги подобривме условите за работа на полицијата, услугите кон граѓаните и нивната безбедност!, сподели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Реализацијата на концептот за материјално-техничко унапредување на функционирањето на полициската служба во сите нејзини домени, како врвен стратешки приоритет, е проект што веќе неколку години наназад со претходно зацртана динамика го реализираме низ целата држава: Опремена и задоволна полиција – вистински сервис за граѓаните
Со средства од Буџетот на МВР реконструиравме 80 полициски објекти низ државата, со инвестирани финансиски средства од 17 милиони евра, во чии рамки течат и следните реконструкции и изградба на нов објект:
Нова Полициска станица во Аеродром; реконструкција на Управните служби во МТВ; и на Центарот за обука во Идризово каде го подготвуваме стартот на голема реконструкција на комплексот на Центарот за обука со која ќе бидат опфатени четири објекти, павиљоните во кои се сместени машките кандидати за полициски службеници, Управната зграда со мензата и Школскиот објект со придружни содржини како и пистата за постројување на кандидатите.
Во најголем дел од реконструираните објекти запазена е енергетската ефикасност на истите, согласно Владината политика за заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина. Би го споменал и проектот „Сината униформа дејствува за зелена околина“, поставивме соларни панели на 15 објекти на МВР со што имаме заштеда до 33% проценти од електричната енергија.
За тоа колку е важно подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, а со тоа и нивната услуга кон граѓаните и нивната безбедност зборуваат и високите резултати на полицијата и вратената доверба на граѓаните во МВР.
Би споредил и со претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кога за 11 години реконструираa само 24 објекти!
Императив за ова раководство на МВР е унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, бидејќи само задоволни полициски службеници можат да испорачаат квалитетни услуги и безбедност за граѓаните“, додава твој во својата Фејсбук објава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…