Според Тошковски има 68 осомничени за Кочани, според Обвинителството 59 – Ќе се договорите за конечна бројка?

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Обвинителството во јавноста претставија различни податоци за истрагата за трагедијата во Кочани, во која загинаа вкупно 62 лица.

Од собраниска говорница, дента кога се гласаше интерпелацијата за Тошковски, тој рече дека истрагата за оваа трагедија не е завршена и дека досега Министерството за внатрешни работи поднело пет кривични пријави и дека има 70 осомничени. На дополнително прашање во текот на собраниската седница кажа дека се осомничени 68 физички и три правни лица.

– Досега се осомничени 68 физички и три правни лица. Во никој случај не може да стане збор за селективно постапување, МВР постапуваше исклучиво во соработка и по наредба на јавен обвинител, не се гледаше дали станува збор за маж или за жена, за човек од Скопје или од Кочани, за каква било политичка припадност – рече министерот.

Според официјалните податоци од Обвинителството, пак, досега во истрагата за Кочани осомничени се 59 лица, од кои за 45 лица истрага води кочанското обвинителство, а за 14 полициски службеници истрага води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Семејствата на загинатите секој викенд организираат протести во Кочани, а на денот на интерпелацијата на Тошковски истите протестираа и во Скопје барајќи правда за нивните најмили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…