Објавено на:

Србија доби ново одложување на санкциите за НИС

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти дека санкциите против Српската нафтена индустрија (НИС) се повторно одложени, овој пат до 27 јуни.

-Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување на санкциите за НИС, овој пат за два месеци, до 27 јуни. Ви благодариме на нашите американски партнери што ја разбраа позицијата на Србија – напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Претходно НИС кон средината на оваа недела објави дека доставила ново барање до Министерството за финансии на САД за издавање специјална лиценца со која целосното спроведување на најавените американски санкции се одложува од 28 април годинава.

Целта на ова барање е и да се овозможи непречено работење на компанијата и по 28 април, што е рок предвиден во лиценцата издадена на 28 март годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

OFAC ја продолжи лиценцата на НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC)…

Лавров: Продажбата на НИС на унгарската МОЛ…

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави…

Падна договор за НИС: Србија ќе добие…

Унгарската компанија МОЛ и рускиот Газпром се…

Српската НИС доби лиценца за работа до…

Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министерка за рударство и…

Мали: Србија ќе мора да реагира ако…

Првиот вицепремиер на Србија и министер за…