Срби се обидоа да влезат во општина Косовска Митровица, спречени се од косовската полиција
Пред зградата на Општина Косовска Митровица, каде во петокот, како што соопштуваат српските медиуми, насилно влегле и незаконски ја затвориле припадниците на косовската полиција, се собрале вработени Срби, кои сакале да дојдат на своите работни места и да продолжат со работа, но биле спречени токму од тамошната полиција, јавува дописникот на Танјуг.
Пред зградата на Општината се косовски полицајци со полициски џипови.
Според српските медиуми, општината обезбедува бројни услуги кои се од витално значење за илјадници Срби на северот на Косово.
Да потсетиме, во петокот попладне, припадници на специјалната единица на Косовската полиција упаднале во зградите во четирите српски општини на северот – Косовска Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, како и во неколку други институции.
На неколку згради веќе се поставени табли со имињата на косовските институции.
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џим О’Брајан го повика косовскиот премиер Албин Курти и неговата влада да се консултираат и да се координираат со меѓународната заедница и да престанат со некоординираните активности кои негативно влијаат на партнерството со САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…