Објавено на:

Српскиот премиер со честитка за Илинден

t

Ви го честитам, во име на Владата на Република Србија и во свое име, Илинден-празникот на македонската национална заедница во Србија и на македонскиот народ во целина“, порача српскиот премиер Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој во писмото до Македонскиот национален совет во Србија, покрај честитката, се заблогадари на поканата да присуствува на централното одбележување на Илинден во местото Јабука крај Панчево, поздравувајќи ги сите културни и просветни работници кои го негуваат македонскиот идентитет во Србија.

-Српскиот и македонскиот народ го поврзува големо почитување кон Светиот пророк Илија, на чиј ден се одиграа значајни настани во историјата на Македонија. Јабука, како и славниот манастир Св.Прохор Пчињски, се места каде е секогаш добро да се собираме и да ги јакнеме односите на двата народа, напиша срскиот премиер.

Вучевиќ во писмото до претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, упати искрена надеж во продолжување на негувањето на правата на македонската национална заедница и градењето на мостови на пријатество со останатите заедници и мнозинскиот народ во Република Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…