Стоилов: Мора да покажеме карактер и да славиме против Партизан!
Ракометарите на македонскиот првак Вардар в среда ќе се соочат против Партизан во регионалната СЕХА-лига и ќе ја бркаат првата победа во новата сезона.
Капитенот Стојанче Стоилов кажа дека немале многу време за подготовка поради долгото патување од Прешов, меѓутоа е оптимист за дуелот против Партизан и очекува добар резултат.
„Не очекувам полна сала против Партизан, но се надевам дека гледачите ќе дојдат во поголем број. Нивната бројност ни олеснува во некои натпревари. Партизан е млада екипа, но ние играме дома и сме фаворити. Со Татран имавме конфузен натпревар. Треба да се вклопат коцките, имаме четири нови ракометари. Февруари е тежок месец за играње по првенство, добро знам зашто сум го преживеал тој месец. Имавме долго патување од Прешов, немаме многу време за подготовка, но треба да покажеме карактер и да го завршиме мечот со Партизан во наша полза“, кажа Стоилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…
Трамп не се противи Кина да произведува…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…
ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…
ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…