Страшно: МВР фати пијани возачи со 2,36 и 1,76 промили алкохол
Во текот на изминатата вечер (01.05.2023)во периодот од 17.00-22.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 34 возачи. Од нив 14 на територија на Битола , 6 во Прилеп ,5 во Демир Хисар по 3 во Македонски Брод и Ресен и 2 во Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.
Како што објавија од полицијата, две лица биле фатени со 2,36, односно 1,76 промили алкохол во крвта.
-Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, стои во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…