Струга ТЛ го преживеа Вилнус и со големо реми се враќа од гостувањето кај фаворизираниот Жалгирис
Македонскиот шампион Струга ТЛ го преживеа Вилнус и со големо реми се враќа од гостувањето кај фаворизираниот Жалгирис, откако попладнево на своето деби во квалификациите за Лигата на шампионите одигра нерешено без голови во првиот меч од воведното коло.
Имаа стружани свои шанси и за повеќе, но имаа и среќа да избегнат пораз благодарение на својот голман Ведран Ќосевски, па по тоа што дојдоа македонските прваци успеаа да го остварат – да се вратат непоразени.
Уште вчера тренерот Шпетим Дуро најави дека би бил задоволен со реми, а неговите избраници се изборија за тоа, па за осум дена во Охрид на СЦ „Билјанини Извори“, Струга ќе ја има предноста на домашниот терен за да успее да ги мине Литванците и со тоа да си обезбеди долго лето, најмалку со плејоф за групите во Конференциската лига.
Бунјамин Шабани после пола час имаше одлична шанса која ја одбрани домашниот голман, а Валентин Кочоски можеби ја имаше шансата на мечот и за победа, но неговиот удар беше толку непрецизен што воопшто не беше закана за голманот на Жалгирис, иако позицијата беше одлична.
Од друга страна првиот стопер Сава Радиќ имаше извонреден меч, а Ќосевски беше фантастичен спречувајќи чист гол во раната фаза, бранејќи се што шутнаа кон неговиот гол, а Арни Вилхјамсон имаше две одлични шанси за погодок, кои не ги реализира, па мрежите по 90 минути од двомечот мируваа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 12 лица повредени во рускиот напад…
Најмалку 12 лица се повредени во масовен…
УЈП ја објави листата на должници: 2.008…
Даночен долг кон државата од над 13,64…
Гори на три локации низ Македонија, четири…
На ден 11/12.09.2026 година, до 07:30 часот,…
Путин: Резултатите на АфД се последица на…
Победата на Алтернатива за Германија на изборите…
Зошто се менува светската карта по пет…
Картата на светот што генерации ја гледаат…