Супорт Кочани не се препознава во изјавите на Мицкоски: Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните
Организацијата Супорт Кочани која помага на семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ не се пронаоѓа во изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера од Велес изјави дека „едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење“.
„Supportkocani не се препознава во коментарот на премиерот. Сигурно мисли за некое друго здружение. Доколку можеме било како да помогнеме знаете каде можете да не’ најдете и контактирате. Да бидеме дел од политичка реторика и препукување е рецепт како можете да го убиете ентузијазмот на оваа група луѓе која стана заедница. Ништо нема да ни застане на патот на солидарноста за сограѓаните, другарите, браќа и сестри што настрадаа во Пулс, а најмалку тоа треба да биде државата или политичките чинители“, се вели во реакцијата на Супорт Кочани.
Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на прославата на УМС во Велес во говорот се осврна и на критиките од опозициската СДСМ, оценувајќи ги како злоупотреба на трагедијата во Кочани.
„Тоа е позната стратегија да злоупотребува колективни или индивидуални несреќи и да создава политики од нив. Сакам да предупредам за скриената се поголема манипулација и свесно фрлање на прашина во очите на целата јавност која се прави со темата Кочани. Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на ужасните жртви од ужасниот хорор во Кочани, говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети, неисполнети ветувања и сѐ така по ред во духот на локалните избори. Паралелно со ова што тие го говорат тече и прекиот суд на прес-конференции на СДСМ“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…
„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…
Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…