ТАЖЕН ДЕН ЗА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА – Почина Лазо Лечиќ
На 85-годишна возраст почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници во историјата на Југославија и на независна Македонија. Лечиќ беше истакнат тренер, и остави длабока трага во кошарката на овие простори, поставувајќи ги темелите на кошарката од осамостојувањето на Македонија.
Кариерата ја почнува во Работнички, а потоа станува тренер на оваа екипа која ја водеше на неколку пати. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1968, а работеше и во МЗТ, Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис.
Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.
Погребот на Лечиќ ќе биде утре 14. август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…
Кристин Лагард заминува од челната позиција во…
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард,…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Австралиците повикани да се подготват за кризи:…
Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…
Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…
Цените на енергенсите во светот годинава ќе…