Таткото на Вања останува во притвор: Кривичен го одби барањето на адвокатот Туфегџиќ за куќен притвор
Кривичниот суд го одби барањето на адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, притворот да му биде заменет со куќен притвор.
„Заради интерес на медумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“, велат од Кривичен.
Адвокатот Туфегџиќ барањето го поднесе со став дека замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…