Тешко повреден пожарникар кој паднал од четирицикл при гаснење на пожар во Бразда
Четириесет и осумгодишен пожарникар од скопското село Средно Коњаре паднал од четирицикл и се повредил додека гаснел пожар на местото викано „Жејковац“ во атар на село Бразда.
Инцидентот бил пријавен вчера во 10.10 часот во СВР Скопје, а повредениот Б.И. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднал од четирицикл.
„Според пријавеното, додека се превезувал со четрицикл, управуван од волонтер, од една на друга локација со цел преземање на мерки за гасење на пожарот, паднал и се здобил со повредите, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повреден пожарникар при гаснење пожар во Визбегово
Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти…
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Пожарникарот кој не отиде на одмор за…
Иако сум на одмор до 3-ти август,…
ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин…
Тони Пигуловиќ е пожарникар од ТППЕ Скопје…
Тешко повреден пожарникар кој паднал од четирицикл…
Четириесет и осумгодишен пожарникар од скопското село…