Тешко повреден работник при експлозија во фирма во Крагуевац
Во приватна фирма кај Крагуевац утрово експлодирала плинска боца, повреден е еден работник, пишуваат српските медиуми.
„Дошло до експлозија на боца со кислород во приватна фирма во белошевац, кај Крагуевац, а еден работник е тешко повреден. Во производствената хала на компанија денес околу десет часот експлодирала боца со кислород. Екипата на Итна помош го згрижила повредениот и го однела во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац“, пишуваат српските медиуми.
На местото на несреќата се припадници на Полициската управа и Бригадата за противпожарна заштита.
Според информациите од УКЦ Крагуевац, повредениот се здобил со тешки повреди на главата, градниот кош, стомакот и екстремитетите. Пациентот моментално се наоѓа во операционата сала, каде лекарите се борат за неговиот живот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија на гас во зграда во Италија:…
Три лица денеска загинаа, а две се…
(Видео) Поморски дрон експлодира во пристаниште во…
Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот…
(Видео) Ужасна експлозија во фабрика во Вашингтон:…
Експлозијата на опасни супстанции во фабрика за…
ССМ: Македонскиот работник има продуктивност над просекот…
Според податоците од Меѓународната организиација на трудот…
Експлозија во куќа во охридско Велгошти, повредена…
По разорна експлозија во куќа во охридското…