„Тиквеш“ и „Камник“ се добитници на „Винскиот трофеј Отворен Балкан“

t

Македонските винарии „Тиквеш“ и „Камник“ се добитници на „Винскиот трофеј Отворен Балкан“ во рамките на Саемот што се организира во белград.

„Тиквеш“ ја доби наградата за „барово-црвено 2019“, а „Камник“ и Винскиот трофеј Отворен Балкан за „оранж 2019“. Наградите ги додели српската премиерка Ана Брнабиќ

За време на траење на Саемот, вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.

Натпреварот се организираше во категориите бели, црвени, розе, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот.

Премиерката Ана Брнабиќ на доделувањето на наградите кажа дека со овој Саем, земјите членки на ОБ докажаа што се можат на Европа и светот да им понудат.

„Виното ни помогна, и сите вие винарии, лозари, дестилерии ни помогнавте една брилијантна политичка идеја уште повеќе да ја зацврстиме, да отвориме нови перспективи за нашата соработка на Балканот и да привлечеме и други партнери од регионот, пред сѐ, БИХ и Црна Гора. Овој саем на ОБ покажа дека имаме што да понудиме“, изјави Брнабиќ на доделување на наградите.

На меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“ што се одржува од 1 до 4 септември на Белградскиот саем присуствуваат над 350 излагачи од 39 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи се од Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, изложувачи има и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната е во фокусот, како вид традиција, има и пет мастер шефови од Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија е меѓу подобрите на Балканот: Еве…

Грција има 114.12 тони резерви на злато,…

Франција е посветена на проширување на ЕУ…

Специјалниот делегат на Франција за Западен Балкан,…

Рама: Конечен мир на Балканот ќе се…

Албанскиот премиер Еди Рама за Франс 24…

Столтенберг: НАТО ја разгледува можноста за зголемување…

НАТО ја разгледува можноста за зголемување на…

Курти: Косово треба да биде дел од…

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на…