Тимчо Муцунски во посета на Обединетото Кралство: Главна тема биле мигрантите!
Денеска во Белфаст, во рамки на Берлинскиот процес, учествувам на состанокот на министрите за надворешни работи, каде што разговаравме за регионалната соработка, европските перспективи на Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици.
Се осврнав на важноста од заеднички одговор на хибридните и сајбер закани, дезинформациите, миграциите, нелегалното финансирање и организираниот криминал – фактори што директно влијаат врз стабилноста и довербата во институциите.
Се согласивме дека политиката на проширување на Европската унија и иницијативите како Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни двигатели на европската интеграција и конкретен чекор кон посилна и побезбедна Европа.
Објави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунск на Фејсбук.
Претходно Политико објави дека Британија е сè поблиску до договор за отворање центар за враќање мигранти во една земја од Западен Балкан, иако сè уште не е познато каде точно ќе се наоѓа.
Министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Северна Македонија и Црна Гора денеска се среќаваат во замокот Хилсборо во Северна Ирска на самит организиран од Обединетото Кралство. Целта е продлабочување на соработката со европските сојузници и институции.
Министерката за внатрешни работи Ивет Купер ја постави миграцијата како врвен приоритет, бидејќи британската влада се соочува со сериозен притисок поради илегалните преминувања на каналот „Ла Манш“ со мали чамци.
Средбата е дел од поширок дипломатски напор за наоѓање решение – документите на мигрантите кои се обидуваат да стигнат во Велика Британија да се обработуваат во трета земја.
Според владини извори, идејата за балкански центар ќе биде неформално разгледана во Хилсборо. Планот би можел да се финализира на следниот состанок на регионалните лидери на 22 октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Исланд референдум за продолжување на преговорите…
Исланѓаните денеска на референдум треба да се…
Утрово мирно на граничните премини, нема гужва…
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се…
Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…
Се уште не е позната пресметката за…
Точниот процент за септемвриското усогласување на пензиите…
Германија заостанува со резервите на гас: Студената…
Германија заостанува со полнењето на складиштата за…