Тупанчески објасни: Еве кој ќе пријавува, а кој ќе казнува за говор на омраза!

t

„Секој кој смета дека во некој текст или на некое друго место има елементи на говор на омраза, може да поднесе кривична пријава, но само институциите на нашата држава се оние кои треба да одлучуваат по тоа прашање“, вели министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Тој уверува дека најновите измени во Кривичниот законик каде што е додаден делот на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ нема никаква поврзаност со неодамна потпишаниот Билатерален протокол со Бугарија и дека додавките се резултат на одредени меѓународни стандарди кои произлегуваат од дефинирањето на поимот омраза.

„Затоа што нашата дефиниција за говор на омраза што претставува предикативно дело за некои потешки форми на кривични дела е позиционирано врз основа на добро утврдени европски стандарди, така што без оглед на конкретните состојби, билатералниот договор е прилично апстрактен во таа сфера, меѓутоа ние имаме национална регулатива и доколку се држиме до националната регулатива практично ќе стигнеме и до посакуваната цел дека говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија, туку да му дадеме малку екстензивно значење“, вели Тупанчески во интервјуто.

Во однос на временската рамка, тој додава дека новиот Кривичен законик бил подготвуван многу пред да се случат настаните во последните две недели.

Билатералниот протокол, пак, предвидува идентификувањето и преземањето мерки против говор на омраза во натписи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор да биде обврска на министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија кои пак, ќе ги контактираат и информираат надлежните институции за заедничко идентификување на таквите случаи.

Одредбите во протоколот се многу општи, па на прашањето каква ќе биде конкретната правна процедура, во случај некој од Бугарија да укаже на говор на омраза, Тупанчески вели дека ќе се реагира само во оној дел во кој ќе има флагрантно кршење на националните норми што ја регулираат оваа материја.

„Има кривичен законик кој што е ultima racio, односно последно средство кое се одговара за тие тешки форма на говор на омраза односно на дела од омраза, не само говор на омраза практично пакетот на омраза подразбира и сет на други кривична дела. Тоа е првата работа и тоа е последната општествена реакција во нашата држава кога станува збор за омразата. Вториот механизам или алатка е тука токму законот за заштита и спречување од дискриминација, каде што исто така се предвидени одредби односно норми. Апсолутно ќе се реагира само во оној дел кога ќе имаме флагрантно кршење на националните норми кои што ја регулираат оваа материја“, вели министерот во интервјуто.

Прочитајте ја целата сторија на Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во…

Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати…

Тупанчевски не знае каде Русковска треба да…

-Има начин на којшто може да се…

(Видео) Путин: Некои луѓе се спремни да…

„Таквите луѓе се подготвени да ја продадат…

(Видео) Траги-комедија – Не знаат кога па…

Раша тудеј објави две видео снмки од…

Британските пратеници воодушевени од говорот на Зеленски:…

Британските пратеници предложија претседателот на Украина, Володимир…