Тирам за својот клучен соиграч во Интер: Јас секогаш сум насмеан, а тој изгледа како да оди во војна
Маркус Тирам стана слободен агент по крајот на минатата сезона и можеше да бира од големиот број понуди кои ги имаше на маса, но на крајот реши да се приклучи на тимот кој го води Симоне Инѕаги.
Ако се суди според првите месеци, Тирам направи исклучително добар избор со Интер и истото може да се каже и за оперативците на клубот, бидејќи Маркус во досегашниот тек на сезоната запиша 11 погодоци и 11 асистенции.
Навивачите на Интер брзо заборавија на Ромелу Лукаку и уживаат во партиите на францускиот напаѓач, кој во неколку наврати призна дека добил голема поддршка и од Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот од стартот на оваа сезона е капитен на Интер и неговата улога значително се промени во соблекувалната, а неговиот воинствен изглед на теренот е она што го коментираше и Тирам.
– Лаутаро има неверојатен менталитет и пристап. Јас секогаш се смеам, а тој изгледа како да оди во војна. Мислам дека треба да се смее малку почесто. Уживаме да играме заедно, сите создадовме навистина силна група. Дојдов во јули, но се чувствувам како да сум тука со години, – вели Тирам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…