Тодоров го потона “патриотот” Мицкоски: Уставни измени ќе има, прашање е дали пред или по избори!

t

За поранешниот министер за здравство и образование и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, нема сомнеж дека уставни измени ќе се случат, само прашање на време е кога и дали ќе бидат пред или по избори.

Тодоров вели дека Македонија ќе продолжи на „патот кон Запад, што одамна го имаме одбрано“, а дека сѐ останато е резултат на некој „инает предизвикан од моментното незадоволство од политичките елити“.

– Најновата македонска политичка дилема е – ЕУ или власт! Сметам дека повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, да не се изгласаат уставните измени сака само СДСМ од причина што сметаат дека така СДСМ ќе ја има поддршката од меѓународната заедница, а ВМРО ќе ја нема таа подршка и сѐ повеќе ќе биде изолирана во меѓународните односи.
Од друга страна, на секого во Македонија му е јасно дека уставни измени мора да има, ако сакаме да го продолжиме нашиот пат кон ЕУ, односно да ги отвориме првите поглавја во преговорите. На добрите познавачи на меѓународната политика пак им е јасно дека во овој момент, речиси е невозможно кој било да влијае врз Бугарија да се откаже од барањето за промена на Уставот, имајќи го предвид исклучително големото стратешко значење на Бугарија во светло на конфликтот во Украина. Затоа невозможно е да издејствуваме поповолна позиција за Македонија од таа што ја имаме.
Ако е ова така, тогаш јасно е дека порано или подоцна Македонија ќе мора да го направи овој чекор и да ги вметне Бугарите во Уставот, што значи ова ќе се случи. Прашањето е дали тоа ќе биде пред или после избори и кога изборите ќе се случат. На ВМРО-ДПМНЕ му одговара ова да биде после избори, а на СДСМ не му одговара да има избори оваа година, па доколку СДСМ опстои на ставот изборите да бидат во јуни 2024 година, тогаш тешко дека уставните измени ќе се случат во предвидениот рок, до крајот на оваа календарска година. Сепак мислам дека со малку мудрост и политичко искуство може да се најде елегантно решение кое нема да ги загрози нашите ЕУ амбиции, ниту пак ќе има некаков негативен ефект за ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Ова е моментумот на прекршување и од ова ќе зависи дали Македонија ќе добие стабилна влада предводена од ВМРО или ќе влезе во некое „бугарско сценарио“ да функционира без политичка, туку со изборна влада подолг временски период. Ситуацијата налага влечење на прецизни и добро одмерени визионерски потези, затоа што како што неодамна напишав, ВМРО-ДПМНЕ не може да си дозволи да остане уште четири години во опозиција, а Македонија не може да издржи уште 4 години под оваа власт. Ако мене ме прашувате, јас со сето срце сакам ВМРО да победи и да формира влада, но, во следните неколку месеци ќе се кристализира дали Мицкоски ќе прерасне во лидер кој ќе ја води нацијата или пак ќе мора да замине со бремето на човек кој ја оставил ВМРО најдолго време во опозиција, рече Тодоров за “Слободен печат”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…

Владата во постапката за донесување закони, а…