Тошковски: Недостигаат полициски службеници на терен, ќе работиме на нова систематизација
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои превработеност на останатите позиции во МВР. Заради ова, како што појасни, се работи на нов Закон за внатрешни работи и нов Закон за полиција. Во иднина, напомена дека ќе се работи и на нова систематизација, која ќе овозможи максимално, рационално и ефикасно трошење на парите на граѓаните, но и овозможување полициските службеници да бидат видливи на терен.
– Не само во СВР Тетово, туку речиси и на територија на целата држава, во делот на оние позиции во рамки на Министерството каде што има макотрпна работа, каде што полицискиот службеник треба да е на терен, за да можат македонските граѓани да живеат безбедно, таму секогаш ни фалат вработени. Во другиот, комотниот дел, каде што не се изложени на дожд и на ветер, не се изложени на улица да го загрозат својот живот, таму има вишок на вработени, изјави денеска Тошковски,, одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета во Тетово.
Тој рече дека ќе се преземат оперативни планови и активирање на сите вработени во МВР. Како што рече, веќе почнале во Скопје, а втор град каде ќе го имплементираат оперативниот план со внатрешна распределба во рамки на постоечката мобилност, ќе биде Тетово.
– Времето ќе покаже за кратко, за две недели отсега ќе видите разлика во споредба со претходно. Ако ме прашате дали има доволен број на вработени полициски службеници во увидна екипа и во сообраќајните екипи, ќе ви одговорам дека нема. Но, ако ме прашате на комотните позиции од аспект на началници, менаџери, оние фини и културни позиции во рамки на Министерството кои што се многу добро познати во јавноста, таму има превработеност. Но, и за тоа имаме решение. Макотрпно работиме на нов Закон за внатрешни работи и на нов Закон за полиција, а во иднина и на нова систематизаијца. Треба да овозможиме полициските службеници да бидат видливи на терен, а за да бидат видливи на терен треба да ги има на терен. За да ги има на терен, треба да има помалку „спијачи“ во Министерствата, а повеќе работници, рече Тошковски.
Тој додаде дека се прави длабинска анализа и се работи на воведување суштински измени на законските прописи.
Најави дека мартовската плата што вработените во рамки на Министерството за внатрешни работи ќе ја земат во април ќе биде зголемена за околу 10 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…