Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 29-годишникот кој се удави во Глажња

t

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена, потврди за Инфомакс директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Пред половина час е пронајдено телот по кое трагавме пет ден. Телото е пронајдено од храбрите тимови на специјалните полициски единици Тигри и специјалните армиски сили Волци, вели Ангелов.

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро.

Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“ тимови и нуркари од ДЗС. При потрагата на брегот асистираа и полицајци од СВР Куманово.

-За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина, изјави денеска Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Продолжува потрагата по телото на Данка, притвор…

Потрагата по телото на убиената двегодишна Данка…

Петти ден ни трага ни глас од…

Ниту петтата ноќ од потрагата нема јасна…

Четврти ден потрага по малата Данка: На…

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…