Трамп потпиша објавување на документите за Епстин
Претседателот Доналд Трамп го потпиша законот што ја обврзува администрацијата да ги објави сите документи поврзани со педофилот Џефри Епстин.
До пред еден месец Трамп се противеше на објавување на документите, но на тоа го притиснаа и демократите и неговите републиканци, кои едногласно го изгласаа законот во Претставничкиот дом и Сенатот.
Со потписот на Трамп почнува рокот од 30 дена во кој Министерството за правда треба да ги објави сите документи и комуникации на Епстин, вклучувајќи ги и информациите од истрагата за сомнителното самоубиство на Епстин во обезбедувана ќелија на федерален затвор во 2019 година.
Министерството може да заштити имиња на жртви на Епстин, но не смее да прикрива информации поради „загрозување на репутацијата“ или „политичка чувствителност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…