Објавено на:

Трамп се огласи за смртта на Навални: „Ние сме нација што пропаѓа“

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека смртта на Алексеј Навални „го освести“ за тоа што се случува во САД, но никому директно не ја препиша одговорноста за смртта на рускиот опозиционер.

„Ненадејната смрт на Алексеј Навални ме направи посвесен за тоа што се случува во нашата земја. Тоа е бавен напредок, со корумпирани, радикално-левичарски политичари, обвинители и судии кои не водат по патот на уништувањето“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth.

Тој оцени дека отворените граници, „лажните“ избори и „крајно неправедните одлуки“ на судството ја „уништуваат“ САД.

„Ние сме нација во пад, нација која пропаѓа“, напиша Трамп и го додаде акронимот MAGA2024, што е алузија на неговото политичко мото „Направи ја Америка повторно голема“.

И покрај фактот што американскиот претседател Џозеф Бајден и другите поранешни претседатели, како и највисоките членови на американскиот Конгрес, директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални во затвор во северна Русија, Трамп не го стори тоа.

Додека беше претседател, Трамп, според Ројтерс, го изразил своето воодушевување од Путин.

а

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО РОМАНИЈА: Речиси половина од…

Невиден скандал ја потресува романската престолнина Букурешт,…

Жена од Пехчево нападната од својот сопруг,…

На 18.11.2026 во 01:30 часот во Пехчево,…

Разбиена крајнодесничарска група во Пловдив која се…

Бугарската полиција приведе 11 лица, меѓу кои…

„Нашата загуба никому не му значи ништо,…

„Нашата загуба никој не ја вреднува, на…

Посетителите евакуирани, врие полицијци и пожарникари: Пожар…

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на…