Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада, Мексико и Кина.

– Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси ништо. А ние купуваме милиони нивни автомобили и големи количини храна, изјави Трамп на прес-конференција.

На прашањето кога точно ќе бидат воведени царините, Трамп одговори: „Немам конкретен датум, но ќе биде многу скоро.“

Во меѓувреме, тој најави утрински разговори со канадскиот премиер Џастин Трудо и со мексиканската влада, по воведувањето на 25 отсто царини за увозот од овие земји.

– Ќе разговарам со Трудо утре наутро, исто така и со мексиканската влада, но не очекувам ништо значајно. Наметнуваме царини затоа што тие ни должат многу пари, изјави синоќа Трамп за време на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…