Трајанов ѝ постави рок на својата власт за една изборна единица

t

Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов, во гостувањето во емисијата  „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека три месеци е идеален рок за отворање дебата и усвојување измени на Изборниот законик со кои актуелниот изборен модел со шест изборни единици ќе се замени со систем во кој целата држава ќе биде една изборна единица. Трајанов делумно ја омекна изјавата дадена за ТВ Телма пред неколку дена во која порача дека ставот на Демократски сојуз и на други партнери од коалицијата на СДСМ е дека или измените ќе се усвојат до 15 април или ќе ја откажат поддршката на Владата, со што би се предизвикале предвремени парламентарни избори.

Прашан дали останува на таа своја изјава, Трајанов одговори:

„Се разбира дека вака како што е дефинирана целата процедура, како партија ние остануваме на нашиот дециден став. Сакам да укажам дека ние предлагаме да се отвори расправа на пленарна седница, ќе предложам да има јавна расправа во која ќе се вклучат сите партии. Ќе учествуваат и од ОБСЕ/ОДИХР, експерти за право и ќе се направи поширока анализа. Ќе ги претставиме сите наши аргументи, бидејќи тоа е потреба на граѓаните за демократизација на државата. Ако поголемите партии не се подготвени да создадат шанси за политички натпревар, тогаш како можеме да очекуваме да се демократизира државата.“

Станува збор за предлог-измени на Изборниот законик предложени во март 2021 година на кои стои потписот на Трајанов, на пратениците од Левица – Апасиев и Крмов, на пратениците од ЛДП – Мојсовки и Зајкова, на Морачанин од ДОМ, Балкоски од ВМРО-НП и на Минов. Точката од минатото лето е утврдена како дел од дневен ред на пленарна седница на Собранието, но се уште не отворена расправа.

По изјавата на Трајанов, тогаш се уште актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ, рече дека СДСМ не бега од темата, но дека не сака да се врзува за рокови особено што Изборен законик, според досегашната практика, се менува со консензус.

Трајанов во „360 степени“ рече дека за ова веќе е разговарано со премиерот Димитар Ковачевски, дека е нешто што го поддржува И СДСМ и дека е дел од приоритетите на новата Влада.

„Неколку пати имавме заедничка координација со повеќе политички партии. Првата беше и со претставници со Левица кои, исто така, се за една изборна единица. Сега непосредно пред формирањето на Владата отворивме дискусија, односно Ковачевски зборуваше за приоритетите на новата Влада и во тие приоритети ние се договоривме со сите партии кои се потписници одноно предлагачи за промени во Изборниот законик, воведувањето на една изборна единица да биде дел од приоритетите во реформите на изборното законодавство и Македонија да биде со една изборна единица со Донтов систем за пресметка на пратениците и да нема изборен праг“, додаде Трајанов.

Симулацијата на резултатите од последните парламентарни избори во 2020 година, во случај државата да биде една изборна единица без праг, покажува дека четирите големи блока околу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса/Алтернатива би завршиле со по еден пратеник помалку: коалицијата на СДСМ наместо 46 би имала 45 пратеника, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ би освоила 43 наместо 45 мандати, ДУИ би имала 14, не 15,а Алијанса/Алтернатива би добиле 11 наместо 12 пратенички места. ДПА би остана на своето едно пратеничко место. Но, Левица, наместо двајца би освоила петмина пратеница, а едно столче во Собранието би имала и Интегра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…

(Видео) ДПМНЕ од нашата земја: Заменик министерката…

Заменик-министерката за финансии во техничката Влада, Елена…