Тренерот на Јуве го нападна Влаховиќ, а доби одговор од – легендарниот Дел Пјеро!

t

Во Јувентус секогаш сте херој на еден, а трагичар на друг натпревар, притисокот со кој треба да се справат сите што го носат дресот на овој клуб, а последен пример за тоа е Душан Влаховиќ, кој од најдобар фудбалер на претходниот дуел стана најголем виновник за синоќешниот пораз од Интер (0-1).

„Нераѕурите“ сега се зацврстија на првото место на табелата во Серија А и тоа со четири бода повеќе од Јуве, но и со еден натпревар повеќе. Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри, продолжи со старата навика веднаш „да го фрли Влаховиќ под воз“. На прес-конференцијата по синоќешната средба во Милано (полу)шансата на Србинот ја дефинираше како стопроцентна и со тоа го обвини за поразот.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Во првото полувреме беше рамноправно, постигнаа гол, ние промашивме поради Влаховиќ“, изјави Алегри.

Но, начинот на кој Алегри не ја намести играта доволно за Влаховиќ да биде во позиција за гол наиде на критика од легендарниот Алесандро Дел Пјеро.

„Жал ми е за напаѓачите на Јуве. Погледнете го Јилдиз – постојано ги ширеше рацете како да кажува дека со Влаховиќ се осамени во нападот. Јувентус има проблем, не игра доволно брзо, а Алегри се грижи само да бидат компактни по цена на се друго“, изјави легендарниот капитен на Јувентус.

Влаховиќ го продолжи постот во Милано, со оглед што во овој град никогаш не постигнал погодок, а сезонава на 23 натпревари постигна 12 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Каменуван автобусот на ,,Чкембарите’’…

Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Поранешниот помошник директор на полицијата за случајот…

Речиси цел месец стотици полицајци, жандарми и…

Стапи во сила законот за мобилизација во…

Во Украина стапи во сила оспоруваниот закон…

„Ѓоковиќ е фаворит за освојување на Ролан…

Ролан Гарос е се поблиску до нас,…