Три возила опожарени во скопски Сарај: Интервенирале пожарникари

t

Три патнички возила и мотоцикл се опожарени ноќеска во селото Крушопек во општина Сарај.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се опожарени патничко возило „опел“, сопственост на О.С.(25), патничко возило „даеву тико“, сопственост на Р.С.(54) од село Крушопек, патничко возило „мерцедес“, сопственост на М.С.(35) од село Крушопек и мотоцикл без регистарски ознаки.

Од пожарот бил зафатен и ѕидот на влезната врата од куќата на Б.С.(37), пред која биле паркирани возилата. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…

НОВО УБИСТВО: Жена пронајдена мртва со прострелна…

Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и…

Уапсен 19 годишник за убиство на 18…

Лишен од слобода 19-годишник од Бојане кој…

Tри лица се лишени од слобода во…

Вчера (05.04.2026), во временскиот период од 13:00…

Над 30 домаќинства се погодени од поплавите…

Директорот на Центар за управување со кризи,…