Тројца се повредени: Полициско возило направило сообраќајка
Денеска (29.12) во 05.55 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов” во Скопје, патничко возило „Рексон” , сопственост на МВР на РСМ, управувано од В.П.(26) од Скопје имало сообраќајна незгода. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници А.В.(30) од с.Инџиково, скопско и А.Х.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…