Трудов инспекторат: Починатиот работник во свињарската фарма немал респираторна заштита

t

Од каков гас точно се затруле работниците, се очекува да покаже обудкцијата на починатиот со иницијали О.Т.

Инспектори од Државниот инспекторат за труд ја чекаат документацијата од работодавецот во врска со несреќниот случај во свињарската фарма во Светиниколското село Амзабегово, откако едно лице почина, а друго се здоби со тешки повреди обидувајќи се да му помогне. Според првичните информациите на ДТИ, починатиот 45 годишен работник додека се симнувал во септичка јама за да провери шибер кој повлекувал течно ѓубриво, немал респираторна заштита, а бил изложен на тешки отпадни гасови.

-Од оправдани причини работодавачот денеска не беше во можност да ја достави потребната документација. Откако ќе ја достави по нејзино утврдување и разгледување, ДТИ ќе излезе со детали за случајот.- Весна Томовска- Директор на државен трудов инспекторат

Во стабилна состојба е 53 годишниот маж, информира директорот на клиниката за токсикологија Данил Петровски. Лицето откако се обидело да му помогне на починатиот, во септичката јама бил изложен на големо количество на амонијак. Петровски објаснува дека кога лицето било донесено на клиниката манифестирало неартикулирани движења и звуци, но по примање терапија состојбата се нормализирала. очекува да биде пуштен дома до крајот на неделата.

-Лицето е донесено кај нас во 15 часот во една агетирана состојба, со нејасни крикови и тикови по целото тело. Веднаш е пристапено кон терапија и можам да се пофалам дека денеска лицето е свесно, контактибилно. Многу е во подобра состојба и параметрите и лабараториски и како резултат на таа изложеност на амонијак се во нормални вреднсти.- Данил Петровски

Од каков гас точно се затруле работниците, се очекува да покаже обудкцијата на починатиот со иницијали О.Т. По пријава од МВР, увид во фармата извршил и ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство, а со надзорот не е утврден проблем во однос на здравствената заштита на свињите кои се одгледуваат таму, пишува во соопштението на АХВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…