Тупанчески предлага да се формира меѓуресорска група која ќе дава мислење за историски личности
Министерот за правда, Никола Тупанчески, соопшти дека на денешната седница на Влада ќе предложи да се формира меѓуресорска група како преодно решение која ќе дава мислење за историските личности во процесот на регистрација на здруженијата.
-Она што во меѓувреме би требало да се направи според мене како министер за правда е да се превенира во однос на спречувањето на состојбите. Тоа значи дека денеска ќе се обидам и на седница на Влада да предложам решение – бајпасирање на состојбите до донесувањето на нов Закон за здруженија и фондации. Мојот предлог би бил да се формиа ад – хок тело, меѓуресорско, експертско, кое ќе дава мислење за карактерот на историските личности,односно на начинот на кој што ќе се формираат или ќе дадат мислење за давање на согласност, рече министерот за правда Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања.
Со ова ќе се намали можноста за злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва…
Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните…
Америка објави „докази“ за постоењето на митското…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави доверливи…
(Видео) Илјадници граѓани во Загреб му оддадоа…
Илјадници граѓани вечерва се собраа во Загреб…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Тешка сообраќајна несреќа во БиХ: Се судриле…
Едно лице загинало во тешка сообраќајна несреќа…