Објавено на:

Турција утре ќе избере претседател

t

Турските граѓани се подготвени повторно да гласаат на 28 мај во вториот круг од претседателските избори во земјата.

Првиот круг на гласање одржан претходно овој месец ја покажа спорната трка меѓу Ердоган и Киличдароглу, при што ниту еден од кандидатите не обезбеди потребното мнозинство за победа во прв круг.

Врховниот изборен совет на 19 мај ги објави резултатите од претседателските избори на кои Ердоган обезбеди 49,52 отсто од гласовите, при што Киличдароглу доби 44,88 отсто, а третиот кандидат, националистичкиот политичар Синан Оган доби 5,17 отсто.

Ердоган, исто така лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), се соочува со лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија Киличдароглу во вториот круг на кој нацијата за првпат во својата историја сведочи.

И двајцата кандидати ги поминаа последните две недели во обид да ги придобијат неопределените гласачи. Нивните напори вклучуваат повеќекратни собири и страсни говори за да ги нагласат нивните предлози за политика.

Имено, околу 6 милиони луѓе првпат гласаа на 14 мај, додека речиси 50.000 нови гласачи ќе излезат на гласање во вториот круг бидејќи штотуку наполнија 18 години, информираше претходно турската изборна комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…

Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Масакр во западна Турција, непознато лице уби…

Турската полиција трага по маж кој денеска…