Туск: Источна стража е одговор на НАТО за Русија дека нема да толерираме провокации

t

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека новата мисија за зајакнување на источното крило на НАТО, Источна стража, е обединет одговор на сојузниците на упадот на руски дронови во Полска и дека Русија нема да може да прифати лажно толкување на ваквите провокации.

-НАТО ја потврдува главната работа: руските дронови агресивно го нападнаа полскиот воздушен простор. Ова не може и нема да остане без одговор. Источната гарда ќе ги опфати сите членки кои се изложени на ризик, вклучува копнена и воздушна одбрана. Ќе ги користиме најновите технологии, изјави премиерот денеска пред Сејмот на полскиот парламент.

Полскиот премиер изјави дека мисијата Источна стража е директен резултат на консултациите според член 4 од Договорот за НАТО, кој беше активиран на барање на Полска поради упадот на најмалку 19 руски дронови во средата навечер.

„Солидарната реакција на нашите сојузници е она што го очекувавме. Многу е важно не само за Полска, туку и за целото НАТО нашите чекори да дадат јасен одговор на Русија дека нејзините провокации нема да бидат толерирани или погрешно протолкувани. Безбедноста на сојузниците е линија што никој не смее да ја премине“, рече Туск.

Премиерот апелираше до државното раководство и полската политичка сцена да останат обединети и да продолжат да соработуваат кога станува збор за безбедноста, и покрај досегашните жестоки политички секојдневни спорови.

„Реакцијата на сојузниците е таква затоа што од наша страна дојде недвосмислен сигнал дека нашето толкување на настаните не може да се оспори затоа што се базира на факти. И тоа е прифатено во НАТО“, рече Туск.

Во Полска, дури и меѓу опозициските конзервативни националисти претставени од полскиот претседател Карол Навроцки, постои страв затоа што американскиот претседател Доналд Трамп прво избегна да коментира за инцидентот со руските дронови, а подоцна спомена дека можеби станува збор само за грешка и конечно рече дека „дроновите беа соборени и паднаа на полска територија“.

Категоричниот одговор дека не може да има грешка дека 19 руски дронови наводно залутале длабоко на полска територија, веднаш го дадоа полскиот премиер Туск и министерот за надворешни работи Радослав Сикорски, а ова денеска го повторуваат и други министри во полската влада и советници на полскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Романскиот претседател повика на посилен надзор на…

Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…