Уапсено момчето кое со мачета упадна во гимназија во Загреб
Уапсено е младото момче кое со мачета упадна попладнево во загрепската класична гимназија и се закануваше на еден ученик, објави Индекс.хр.
Според полицијата, младиот човек на возраст од 18 години бил уапсен во Загреб.
„Денеска 6 март околу 13 часот и 50 минути во простории на воспитно-образовна установа дошол непознат млад човек, по што во ходникот пресретнал ученик кој го барал, на кој потоа му се заканил со остар предмет. По заканите, младиот човек побегнал, информираа од хрватската полиција.
Три часа по самиот настан, младиот човек бил пронајден и уапсен во областа Медвешчак и одведен во службени простории за кривична истрага“, дополни загрепската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ученик во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
Сериозен напад се случи утрово, околу 8:00…
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…
Загреб стана првиот европски град каде што…
Загреб стана првиот град во Европа каде…