Украинската влада одобри нов систем на договори за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години
Украинската влада одобри нов систем на едногодишен договор за воени доброволци на возраст од 18 до 24 години, со потенцијален годишен приход до два милиона украински гривни (околу 50.000 евра), соопшти денеска кабинетот на украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Од кабинетот на Умеров соопштија дека оваа иницијатива има за цел да привлече граѓани кои ќе можат да ја изберат својата позиција и воена единица, да поминат интензивна обука и да добијат конкурентни финансиски и социјални придобивки.
Градиме нов систем за регрутирање на армијата кој одговара на современите предизвици“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот Умеров.
Доброволците ќе добијат еднократна исплата од 1 милион гривни (25.000 евра), која се состои од 200.000 гривни (5.000 евра) по потпишувањето на договорот, 300.000 (околу 7.500 евра) по завршувањето на обуката и 500.000 (околу 12.000 евра) по отпуштањето од воената единица.
Покрај тоа, ќе добиваат и месечна плата од 120.000 гривни (околу 2.800 евра) и дополнителни бонуси за борбени мисии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…