Украинските власти информираат за напади на руските сили врз клучниот источен град Соледар
Украинските власти информираат за напади на руските сили врз клучниот источен град Соледар.
Руските трупи почнале да се прегрупираат откако Москва еднострано прогласи прекин на огнот во чест на православниот Божиќ во изминатиот викенд.
Украинските војници продолжуваат да го држат градот, изјави регионалниот гувернер на Доњецк Павло Кириленко, негирајќи ги „лажните“ извештаи дека руските војници го зазеле.
„Соледар е најжешкото место, практично нема никаква инфраструктура, само утврдувања и мини“, изјави тој за украинската телевизија.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изјави дека по неуспешниот обид за заземање на Соледар, непријателот „се прегрупирал, ја сменил тактиката и започнал нов, жесток напад“. Главно се вклучени членови на руската платеничка група Вагнер, напиша таа на телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…