УКРАИНЦИТЕ СЕ СООЧЕНИ СО ТЕЖОК ИЗБОР ВО БАХМУТ: Се повеќе жртви, се помалку муниција, ДАЛИ ГРАДОТ ДА СЕ ПРЕДАДЕ?
Украина се соочува со тежок избор дали да се обиде да ја продолжи борбата за Бахмут, со оглед на големите жртви и потрошувачката на муниција, објави денеска Вашингтон пост.
Во текстот со наслов „Крвавата опсада на Бахмут е ризик за Украина“ се наведува дека „Украина се соочува со тежок избор за тоа колку долго нејзините војници треба да бидат вклучени во борбите за опколениот Бахмут“, пренесува Тасс.
Според весникот, еден од украинските офицери, кој неодамна учествувал во одбраната на Бахмут, рекол дека неговата единица претрпела „многу тешки загуби“.
Во исто време, многу воени аналитичари, како што пишува Вашингтон пост, тој град го сметаат за „контроверзна цел“.
„Украинските сили сега мора да одлучат колку жива сила и муниција можат да си дозволат да изгубат за да продолжат да го бранат Бахмут, за кој многу воени аналитичари сметаат дека е од релативно мало стратешко значење во однос на пошироката слика на борбите, но кој исто така стана политички симбол за двете страни“, се наведува во текстот.
Одлуката мора да биде донесена бидејќи украинските власти, очекувајќи ги ветените испораки на ново оружје од САД, Франција и Германија, велат дека се подготвуваат за нова контраофанзива во наредните месеци.
Во исто време, според весникот, откажувањето од обидот да се задржи Бахмут би било тешка одлука за Киев од политичка гледна точка.
„Украинските власти го претставија Бахмут како тврдина и симбол на натчовечки отпор, поради што дури и однапред пресметаното повлекување од политичка гледна точка нема да биде лесно“, пишува Вашингтон пост.
Официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, генерал-полковник Игор Конашенков денеска изјави дека јуришните одреди на руските војници го продолжиле напредувањето кон северното предградие на Бахмут.
Тој нагласи дека претходно воспоставената контрола над Соледар овозможила да се пресечат патиштата за снабдување на украинските војници во Бахмут, а потоа да се блокираат и „стават во казан“ украинските единици кои останале во градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…