Урсула фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан — нема да ги посети само Србија и БиХ

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на крајот на септември започнува балканска турнеја, за време на која ќе ги посети Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, но не и Босна и Херцеговина и Србија, пренесе Н1.

Како што беше најавено на дневниот брифинг на Европската комисија, патувањето ќе трае од 30 септември до 2 октомври.

Претседателката на Европската комисија, како што се наведува, ќе дојде во Босна и Херцеговина и Србија подоцна поради фактот што во овие две земји се одржуваат избори.

Оваа најава од Европската комисија доаѓа по бројните повици до фон дер Лајен да ја прескокне Србија на нејзината годишна турнеја низ земјите од Западен Балкан, меѓу другото, поради улогата на државата во организирањето на погребот на Ратко Младиќ.

И Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, пред неколку недели го откажа планираното патување во Србија поради погребот на Младиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…

Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…

Ужас во Тузла: 15-годишна ученичка со нож…

Во основно училиште во Тузла, утрово 15-годишно…

Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…

Ел Нињо се буди во Пацификот и…

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…

Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…

Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…

Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…