Утре ќе биде именуван нов директор на АНБ

t

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност (АНБ).

-Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.

Досегашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

Претходно Димовски беше на распит пред собраниската комисија за да одговори зошто АНБ издала согласност да му се издаде македонски пасош на контроверзниот украински бизнисмен Онишченко, иако за него била издадена меѓународна потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…

План за атентат врз лице во Грција,…

Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…

АНБ ја следи одлука на Египет да…

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

Радикални имами, киднапирања и врски со странски…

Агенцијата за национална безбедност во координација со…

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста…

По повод Денот на Агенцијата за национална…